Новини

Гласове откъм Вардар: „Гоце никога не се борел под гръчко знаме!”

Tuesday, 08 February 2022 Златоградски вестник Златоградски вестник

 

Славейко БЪРЧКОВ

СКОПИЕ

 

И да се борел за независна Македонија, Гоце пак нема ништо заедничко со југо-македонската држава. Тој умира 40 години пред нејзиното создавање. Од друга страна членот на АСНОМ, првиот министер за правда, комунист и Солунски атентатор, Павел Шатев, и него не можеме да го ставиме за икона на македонската борба за независност.

 

Тој има оставено уште повеќе докази од Гоцета дека е Бугарин. И сите македонисти од време турско почесто се кажувале за Бугари од колку Македонци. За време турско немало македонска обштност, во ниту едно село, ниту еден град.

Немало градско маало или мешано село со македонска и некоја друга обштност како што имало бугарска обштност во Македонија. Немало македонска црковна и просветителна прерордба. Немало борба за политичка автономија.

Дури и АСНОМ е присилно натурен од ЈКП, затоа што вардарскиот дел останува во СФРЈ. Немало отпор против така наречениот бугарски окупатор. Немало никакви Македонци пред 1944г за да ги има погоре спомнатите работи. Се се тоа сегменти од историјата на македонските Бугари прилагодени за една македонска национална историја која ќе служи за градење на модерната македонска нација.

Време е на сето тоа да му се стави крај. Од многу работи во жиботот луѓе се откажуваат затоа што возможностите не се рамни со желбите. Македонска нација и јазик денес постојат врз основа на македонските Бугари и тоа е факт. Не треба уште преку леб и погача да бараме. Се е изнесено на виделина и се е јасно. Време е да се сообразиме со вистината.