Новини

Българите от Битоля: Отворете тайните югоархиви – искаме имената на убийците на българите след 1945 г.

петък, 12 март 2021 Златоградски вестник Златоградски вестник

 

+ Културен център „Иван Михайлов” в Битоля с категорично искане, поставено в специално писмо от днес до председателя на РСМ Стево Пендаровски: „Југо-македонистичката лага нема да ја направи Македонија слободна!”, пишат българите...

 

 

Господине Пендаровски,

Како председател на Македонија, имате долг кон сите граѓани на оваа земја, вклучително и кон македонските Бугари, кои ја зачуваа својата националност и покрај децениските репресии и притисоци.

 

Денес властите се фалат со еден извештај од невладина организација, уверувајќи го светот, дека нашата татковина станала демократија.

Ние не разбравме кога и како се случи тоа, со оглед на зачуваната државна идеологија на југо-македонизмот. Затоа, би сакале да ви поставиме две прашања, како на претседател на сите граѓани:

 

1/ Зошто, со 110.000 Македонци, кои лично и слободно се изјасниле како Бугари, преку барањето за бугарско државјанство, ние не сме спомнати во Уставот на нашата „демократска“ татковина?

Благодарни сме му на Министерот за надворешни работи, г-динот Османи, што го даде овој предлог, но тој беше одбиен, вклучително и од Вас. Неприфатлив е аргументот, дека предлогот е одбиен со образложение, дека Бугарија не го побарала тоа, т. е. немате за што да го разгледувате.

Нашите права не можат да се прокоцкаат како на покер...

 

Господине Претседател!

Не очекуваме Бугарија да побара од Вас да бидеме вклучени во Уставот.

Таа нема да го стори тоа. На ова не инсистира Бугариjа, инсистираме ние!

Ние, македонските Бугари ѝ ги дадовме на Македонија преродбениците.

Ние ѝ jа дадовме Егзархијата. Ние ѝ ги дадовме великаните на македонската борба од Илинден. И ги дадовме Дамјан Груев, Гоце Делчев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Ванчо Михаилов.

Ние не сме малцинство и нема да бидеме малцинство, туку државотворен народ, автентични македонци со бугарски корен! Си го сакаме нашето место во Уставот, и ќе го добиеме.

 

2/ Господине Претседател!

Би сакале да ве прашаме кога ќе ги отворите архивите на УДБА во Македонија и кога ќе посакате да бидат отворени југословенските окупациски документи, поврзани со репресиите и тортурите врз македонските Бугари од крвавиот Божиќ 1945 г. па натаму? Ние инсистираме да видиме кои се џелатите на нашиот народ во Македонија.

Без правда нема прошка! Сакаме да ги видиме имињата на убијците на

Бугарите од масовните гробници во Велес, Делчево, Штип, Куманово... и во секој македонски град. Каде е вистината за македонскиот Гулаг, кој има толку страшни имиња за нас Бугарите - Голи Оток, Добој, Идризово?

 

Од вашиот одговор на овие две прашања ќе разбереме колку имате храброст и колку искрено работите за европска иднина на нашата Татковина.

Господине претседател, немаjте илузии – само Вистината е суверена.

Југо-македонистичката лага нема да ја направи Македонија слободна!

 

Со Почит

Културен центар

„Иван Михајлов” – Битола

Претседател: Љупчо Ѓоргиевски